Две млади лица од Скопје и Прилеп починаа од Ковид 19

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 299 нови случаи на коронавирус, а 32 лица починаа, соопшти, Министерството за здравство информира.

Пријавени се 32 починати лица од кои најмладите се од Скопје и Прилеп, на возраст од 32 и 34 години.

Пет од починатите се од Гостивар (61г,61г,64г,81г и 82г), по 4 починати лица од Скопје (34г,57г,68г и 70г), Тетово (49г,56г,75г и 85г) и Кичево (55г,66г,72г и 72г), 3 починати лица од Струга (73г, 76г и 82г), по 2 починати лица од Куманово (50г и 70г), Прилеп (32г и 75г) и Штип (72г и 87г), и по едно починато лице од Струмица (54г), Гевгелија (50г), Кочани (64г), Радовиш (62г), Охрид (77г) и Делчево (72г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.152.327 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.624, бројката на оздравени пациенти е 155.646, на починати е 5.901, а бројот на активни случаи изнесува 14.077.

30.08.2021 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега