Две жени од Шуто Оризари ќе добијат оштета, државата не обезбедила гинеколошки услуги во Општината

Прва одлука против нашата држава на Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените при Организацијата на обединетите нации (ООН) со која се утврди повреда на правото на еднаков третман и дискриминација врз основа на етничка припадност кај две жени од Шуто Оризари на кои им било оневозможено да добијат гинеколошки услуги и со која ООН препорачува дека државата треба да ги обесштети Ромките кои не можеле да си изберат матичен гинеколог, велат од Иницијатива на жени од Шуто Оризари, пренесува „Слободен печат“.

Шуто Оризари доби гинеколог во октомври годинава, откако Иницијативата на жени од Шуто Оризари побара од Министерството за здравство што побрзо решавање на овој проблем и поставување на нов гинеколог.

-Д-р Божидар Бошковски е искусен гинеколог, кој ќе се грижи за нивното здравје и ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина. Проблемот го решивме- рече своевремено министерот за здравство, Венко Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега