Џафери: Ќе донесеме привремен правилник за онлајн работа на Собранието, оти Уставот не предвидува пратениците да работат надвор од објектот

Издадов налог на ИТ секторот во парламентот да ги разгледаат можностите законодавниот дом да премине на онлајн работа, вели претседателот на Собранието Талат Џафери за Плусинфо. Поради пандемијата на коронавирусот Собранието прави подготовки пратениците да не работат од собраниската зграда туку седниците да се одвоваат онлајн.

Засега не може да се одреди кога Собранието би се префрлило на онлајн работа, бидејќи претходно треба да се донесе привремен правилник за работа на парламентот надвор од собраниската зграда, бидејќи Уставот и Деловникот тоа не го дозволуваат. Потребна е и набавка на софтвер за работа на пратениците надвор од објектот, а за тоа е потребна јавна набавка.

– За да може Собранието да работи надвор од објектот треба тоа да се дорегулира со привремен правилник за работа како дополнение на собранискиот Деловник или парламентот да донесе одлука за тоа. Нема пропишано како Собранието би работело во вонредна состојба. Рамислувањата се гласни, ќе видиме како тоа ќе го уредиме. Уставот не предвидува работа на Собранието вон објектот. Мое размислување е дека консензуално треба да донесеме времен правилник или одлука на Собранието за пратениците да може да работат онлајн – вели Џафери.

Тој додава дека ова подразбира јавна набавка на софтвер кој ќе овозможи пратениците да работат и гласаат од далечина, но дека секоја јавна набавка најмалку трае три месеци и прашање е дали ќе биде успешна.

– Треба да изнајдеме начин за итна јавна набавка на софтвер кој ќе има решение да ги препознава пратениците и секој пратеник да има свој код. На техничарите од ИТ секторот веќе им издадов налог да најдат решерние како ова да се спроведе – вели претседателот на Собранието.

По ова претседателот на Собранието ќе се консултира и со пратеничките групи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега