Џафери пристигна во Буча и Ирпин: Вакви сцени гледавме во Косово и Сребреница, ова е геноцид

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери пристигна во Украина, каде што ги посети Буча и Ирпин, каде што се случиле масакри од руските сили, како што тврдеше украинската воена армија.

Џафери кажа дека ќе се залага сите институции и граѓани на Македонија да ѝ ја дадат поддршката на Украина во овие тешки времиња, а во исто време кажа дека хоророт во Украина го потсетува на некои случувања на Балканот.

-Особено ми е задоволство и ја прифатив поканата и лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од она што е инвазија на Руската федерација врз Украина. Секако, моето присуство е симбол на лична, институционална и поддршка на граѓаните на Северна Македонија за народот на Украина и институциите на Украина. На нас од Западен Балкан ни се свежи сеќавањата од ваквите слики што ги гледавме не подолго од две децении претходно, свеж ни е Речак во Косово, свежа ни е Сребреница во Босна и Херцеговина и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги гледаме овде, изјави Џафери.

Оваа посета на претседателот Џафери е прва од овој вид на висок претставник од регионот и прва посета од сите нивоа на власт во Република Северна Македонија.

27.04.2022 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега