Џафери: Сè уште ми се пред очи тажните слики во Украина, агресијата не смееше да се случи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се обрати на 18-та Конференција на Јадранско-јонската иницијатива на тема „Европската интеграција: Западен Балкан, додадена вредност на Јадранско-Јонскиот регион и на Европската унија“, што се одржува во албанскиот главен град Тирана.

 

Тој потсети дека Собранието на 3 март оваа година донесе Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, со која меѓу другото, од надлежните институции се бара да бидат во тесна координација со земјите членки на НАТО и ЕУ во однос на заедничкиот ангажман за поддршка на дипломатските напори за итен и безусловен прекин на воените дејствија на територијата на Украина.

– Ова е нешто за што и лично ќе се заложам, затоа што се уште ми се пред очи тажните слики на разурнатите градови во Украина, што ги видов при мојата неодамнешна посета во Киев. Агресијата врз Украина е нешто што не смееше да се дозволи да се случи. Тоа е срам и слабост на сиот модерен и демократски свет со „наводно“ научени и споделени вредности. Во исто време, ни покажа дека се уште сме многу слаби и фрагилни и дека постои опасност од прелевање на војната, особено ако стоиме сами наспроти ветерот, истакна спикерот Џафери.

06.05.2022 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега