Единствената ковид-позитивна трудница се породи само две минути по полноќ

Единствената Ковид-позитивна трудница синоќа се породила само две минути по полноќ.

Директорката на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска денеска на прес-конференција информираше дека таа единствената хоспитализирана во Ковид одделението на Клиниката.

-Во втората минута уште едно бебе е породено. Ова првото со спонтано породување, второто со цезареа и е женско бебе. Три килограми и 50 грама има исто така 50 центиметри. Прво бебе е на мајката Симона Петровска. И Тоа посакувам да биде здраво, понатаму во животот да биде успешно, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Јовановска информираше дека сите три бебиња кои се родени синоќа на ГАК се во добра здравствена состојба, исто како и нивните мајки.

-Се чини дека оваа година ќе ни биде добра и конечно ќе заврши оваа пандемија, па ќе може слободно да живееме. Во Ковид одделот ни е само таа пациентка којашто се породи ноќеска, рече Јовановска.

01.01.2022 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега