Европски фронт: Мицкоски во тешкo дереџе, спасот го бара кај Левица


„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт.

На кое дереџе спадна два дена пред поразот, покажуваат повиците за помош од Левица и ЗНАМ на Димитриевски.

Тој дури бара спас и помош од албанската опозиција за, како што рече вчера Мицкоски, да ги урива Европскиот фронт и ДУИ“, велат од Европскиот фронт.

Според нив, иако измислува различни причини, јавноста знае дека вистинската борба на Мицкоски се рамноправните позиции на Албанците и другите етникуми во Северна Македонија“, велат од Европскиот фронт.

„Тоа веќе е само една прочитана книга, кој не може да ги сокрие антиалбанството и антизападните политики.

ДУИ и Европскиот фронт им ставаат до знаење на Мицкоски и руските соработници дека ДУИ и Европскиот фронт ги поставиле темелите од 2001 година, со Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и членството во НАТО, како и уставните измени кои ќе се случат веднаш по изборите на 8 мај“, потенцираат во реакцијата од Европскиот фронт.

Како што додаваат, Мицкоски, сакал или не, ДУИ и Европскиот фронт ќе бидат гаранти на европскиот пат на Северна Македонија, а ВМРО и другите соработници на Москва, по 8 мај, ќе бидат само опозициски гледачи на членството на Македонија во Европската Унија“, стои во соопштението на Европскиот фронт.

22.04.2024 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега