Фејсбук најави дека забраната за политички реклами ќе остане во сила уште еден месец
Компанијата Фејсбук очекува дека постизборната забрана за политички реклами поврзани со изборите во САД ќе трае уште еден месец.
„Иако неколку извори објавија проекции за победникот на претседателските избори во САД, сепак веруваме дека е важно да се спречи забуна или злоупотреба на нашата платформа”, наведува компанијата во имејл испратен до огласувачите.
Портпарол на Фејсбук одби да ја коментира објавата.
Фејсбук претходно соопшти дека забраната ќе биде во сила најмалку една недела по претседателските избори во САД, но дека тој период може да биде продолжен.
11.11.2020 - 21:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа