Филипче: Ако е можно уште денеска ќе се смени директорот на Центарот за јавно здравје

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја демантираше изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери дека лично дејствувал во Комисијата за заразни болести за отворање на границите, и посочи дека ќе се консултира со правниците доколку во овој период може, директорот денеска да биде сменет.

– Ја прочитав изјавата. Апсолутно е невистина, Прво директорот Зибери не е член на Комисијата. Ова сметам дека е некаква предизборна реторика, и тоа евтина и лоша, и сметам дека ништо нема да добие директорот со оваа изјава, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека целиот изминат период Комисијата за заразни болести работи исклучиво врз основа на медицински индикатори, на медицината како наука, на епидемиологијата и ваква изјава, според него, не доликува на доктор. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега