Филипче: Иако се отворени храмовите, не мора сите масовно да се собираат и да влегуваат во црквите

Министерот за здравство Венко Филипче при готување во вестите на „Канал 5“ одговори на Владиката Петар кој му порача дека политиката не би треба да се меша во Црквата кога станува збор за причест со едно лажиче.

- Воопшто не е политика, тоа е препорака за заштита на граѓаните. Епидемиолошката состојба дозволи попуштање на мерките, дозволува да нема полициски час за време и на верските празници, меѓутоа граѓаните треба да се свесни дека се тие кои со своето однесување придонесуваат да се влоши или да се подори ситуацијата. Апелирам, иако се отворени храмовите, не мора сите масовно да се собираат и да влегуваат во црквите и да палат свеќи.Нека го направат тоа во своите домови, во маалата, пред зградите и така натаму. Нека бидат пример со личното однесување како се постапува кога треба да се заштити личното и колектовното здравје како врвен приоритет, рече Филипче.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2021 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега