Филипче: Ќе има препораки за граѓаните под 60 години кои треба да се ревакцинираат со „АстраЗенека“

Доколку не стасаат вакцините на „Астра Зенека“ до термините за ревакцинација на нашите државјани кои со оваа вакцина се вакцинираа во Србија, со српските здравствени власти е разговарано и тие вакцини од Србија  да ги донесат кај нас и тука да се спроведе ревакцинацијата, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Зборуваме за граѓаните над 60 години кои треба да се ревакцинираат после 12 недели од првата доза. За останатите возрасни групи граѓани ги следиме препораките на некои од европските земји. Германија на пример препорачува ревакцинација со друга вакцина, нашите стручни лица од Националниот комитет ги следат препораките и ќе излеземе и ние со соодветни препораки, изјави Филипче.

Филипче нагласи дека граѓаните не треба да се плашат и треба да знаат дека сите вакцини се безбедни, па да се вакцинираат со оние вакцини кои се достапни на пунктовите за вакцинација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2021 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа