Филипче: Ќе се воведе тест што за 40 минути ќе покаже дали пациентот има Ковид-19 или грип

И на клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест што за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има Ковид 19 или грип, рече денеска министерот Венко Филипче.

Клиниката за пулмологија и алергологија од денеска стартува со работа во новиот објект веднаш до болницата. Во неа ќе има четири амбуланти со термински прегледи, една за итни пациенти. На самиот влез на пациентите ќе им се мери температура, ќе им ги дезинфицираат рацете и задолжително носење маски.

За директорот Докиќ очекувано е да има зголемен број на пациенти пред се поради алергии и грип. Во една амбуланта дневно ќе се примаат по 12 пациенти. На клиниката дополнително ќе се лекуваат сите пациентите кои прележале ковид 19, но се уште имаат здравствени проблеми.

Пулмолозите со совет до граѓаните редовното миење раце и дезинфекција, носење маски и избегнување на собири може да ги заштити граѓаните не само од Ковид 19 туку и од грипот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2020 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега