Филипче: Матичните лекари ќе го земат бонусот од ковид вацинацијата на пациентите летото 2022

Бонусот за пациентите кои ќе се вакцинираат матичните лекари ќе го земат на крајот на пролетта – почетокот на летото следната година.

Најавата на министерот Венко Филипче доаѓа откако вчера Владата донесе одлука за еднократка финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари ако достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација на своите пациенти.

Министерот вели дека во просек матичните имаат околу 1.000 пациенти, а највисокиот број е 2.500.

Според него, матичните лекари ќе придонесат до зголемување на бројот на вакцинирани бидјеќи тие имаат директен контакт со пациентите.

-Многу е важно да сфатат дека вакцинацијата против ковид-19 мора да се спроведе. Во некои градови, некои лекари веќе имаат постигнато 70 отсто опфатеност, вели Филипче.

 

01.12.2021 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега