Филипче: На ГАК се породуваат и лекуваат заразени трудници под посебни протоколи

По повод Светскиот ден на акушерките сакам да се заблагодарам за придонесот и посветеноста за работата која ја извршувате и во текот на пандемијата. Вашата грижа за пациентите е од голема важност, а особено отежната при процесот на спроведување на протоколите за заштита од Ковид-19, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, посочува министерот, се лекуваат и породуваат трудници позитивни на вирусот под предвидените протоколи и знаеме дека работењето во вакви услови е специфично.

-Благодарение на вас, врвната нега која неуморно ја давате во текот на пандемијата се одвива во континуитет во изминатиот период, објави Филипче. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега