Филипче подготвен да разговара за поврат на средства на вакцинираните во Србија

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не го слушнал предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, ама дека е подготвен да го разгледа. 

Рече дека е отворен да разговара за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се обесштетат граѓаните што беа на вакцинација во Србија. Меѓутоа, прво сака да го слушне предлогот и доколку е добра идеја би можело да се разгледа.

 

-Не сум го слушнал повикот на опозицијата, не знам во која форма бара обесштетување. Меѓутоа, да го слушнеме предлогот и може да поразговараме за што било, секогаш сме отворени да разговараме за каква било добра идеја, за нешто што може да се имплементира, изјави Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и премиерот Зоран Заев за неспособност во справувањето со пандемијата бидејќи околу 20 000 граѓани изминатиот викенд беа да се ревакцинираат во Србија и затоа побара Владата да им ги рефундира парите на граѓаните што се вакцинираа надвор од земјава.

 

22.06.2021 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега