Филипче: Ситуацијата во земјава е критична, но и натаму сметаме дека нема потреба од полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека во последните неколку дена здравствениот систем е под силен притисок и дека ситуацијата во земјава е критична.

Министерството за здравство денеска прими пет болнички возила од АРМ - возилата се ставени на располагање на здравствените работници во борбата против коронавирусот.

„Притисокот врз здравствениот систем е огромен. Се зголеми капацитетот на болничките возила, оваа помош е драгоцена и важна. Ситуацијата е критична во нашата земја“, изјави Филипче.

Првиот човек на македонското здравство уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките воведени со цел да се сопре ширењето на коронавирусот и нагласи дека засега нема потреба од полициски час.

„Денеска имаме состанок на Комисијата за заразни болести. Ќе разгледаме некои други мерки, но и натаму сметаме дека нема потреба од полициски час“, изјави Филипче кој денеска присуствуваше на предавањето на воено санитетските возила од страна на АРМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега