Филипче: Со ова темпо на вакцинација за релативно брзо време ќе постигнеме добар колективен имунитет

Системот за масовна вакцинација функционира беспрекорно уште од вториот ден по започнувањето на оваа операција, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

„Само во текот на вчерашниот ден се аплицирани 9123 вакцини од кои 7963 прва доза а останатите ревакцина. Досега се вакцинирани 74076 граѓани, а согласно последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 

Апелирам граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk и да се вакцинираат. Со ова темпо на вакцинација и капацитетите кои постојано ќе ги надградуваме имаме можност за релативно брзо време да постигнеме добар колективен имунитет“, напиша Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега