Филипче за музичарите: Нека протестираат пред инфективна, пред оние што најверојатно се заразиле на нивните настапи и свадби

Mинистерот Венко Филипче, во емисија во ТВ24 испрати порака до естрадните уметници кои ќе протестираат утре поради новите рестриктивни мерки на Владата кои се однесуваат на угостителските објекти во кои музичарите повеќе нема да можат да настапуваат.

– Нека протестираат пред инфективна клиника, нека ги погледнат во очи семејствата на оние кои се борат за живот и на оние кои веќе заминаа, а се заразиле најверојатно на нивните настапи и свадби каде што настапувале, лесно е да излезеш на протест, тешко е да седнеш и да најдеш решение кое ќе биде добро за сите, владата не остави никого на цедило, помогнато е на сите со неколкуте владини економски пакети и ќе помагаме и понатаму, отворена е вратата на владата за сите здружениеја и синдикати и групи кои се загрозени од ситуацијата и ќе најдеме со сите решение, владата нема да остави никого на цедило да се снаоѓа сам во ова тешко време, само треба сите да бидеме одговорни и совесни чинители. Мерките кои сме ги донеле се неминовно решение за да превенираме масовна хаварија на здравствениот систем каде нема да може болниците да примат болни народ и тоа ако некој не може да го разбере тогаш нема шанси да се спасиме од најцрното сценарио, мораме сите да бидеме на висината на задачата овој период - кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега