Филиповски: Непланското работење е минато во Аеродром

Недостатокот на места во градинките e нешто што не можеме да си го дозволиме во 21 век, вели во интервју за Фактор, кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Александар Филиповски.

Затоа, како што вели, за почеток во програмата веќе има предвидено изградбата на нова   градинка   во   Мичурин, со капацитет за 300 деца и целосна реконструкција на градинката во населба Лисиче. 

„ Веднаш потоа ќе направиме проценка на кои други места се потребни дополнителни   капацитети и обновувања, но и долгогодишен план за развој кој ќе ги следи идните потреби. Сите знаеме дека во   Аеродром   никнаа населби во населби. И за нив се потребни нови   градинки,   училишта, игралишта, маркети. Но, не смее за овие потреби да се размислува ретроактивно, туку мора да се планираат однапред за да не дојдеме во ситуација да граѓаните бараат – туку да обезбедиме навремено“, вели Филиповски.


Понатаму, додава тој, парковите, детските и спортски игралишта, улиците мора постојано да се одржуваат.
„Не треба реконструкција или чистење да биде настан – тоа треба да е секојдневна практика. Сето ова ќе го постигнеме со навремено планирање и зајакнување на службите кои се носители на услугите кои ги нудиме како општина“ дециден е кандидатот за градоначалник   за Општина Аеродром Александар Филиповски во интервјуто за Фактор.
„Она што во моментот најмногу недостасува, според мене, е редовна комуникација со жителите, план и континуитет во работата. Ако ги имаме овие три елементи, се е возможно“, додава тој.
Од   капиталните   проекти   предвидени   во   програмата,   освен   градинки   најавува   и  изградба  на младински културен центар, затворени базени, катни гаражи онаму каде што е потребно и средно училиште, во соработка со Град Скопје

01.09.2021 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега