Филмска потера на Бит Пазар: удриле во полициското возило, па фрлиле јакна со пиштоли и куршуми – завршија со лисици

Филмска полициска бркотница се одвивала синоќа на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.

Полицијата дала знак за запирање на автомобилот во кој биле две лица од Арачиново, скопско, но тие не застанале туку удриле во полициското возило и се обиделе да побегнат.

Кога полицијата ги стигнала и уапсила, двете лица М.Б.(31) и Џ.Б.(29), фрлиле јакна во која биле пронајдени два пиштоли и 20 куршуми од различен калибар, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
05.04.2024 - 16:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега