ФОТО: Царовска го однесе синот на првиот училишен час

Училишната година започна со физичко присуство за сите ученици. Конечно, детскиот џагор се врати во училиштата, што посебно ме радува, пишува министерката за образование и наука, Мила Царовска на својот фејсбук-профил.
 
-На син ми Давид, којшто е четврто одделение, денеска кога го однесов на првиот час му порачав да се придржува до правилата кои ни ги наметна пандемијата– задолжително да носи маска додека е на затворено и често да мие раце. Му реков, дека тоа е така затоа што треба да се заштити себе си, а со тоа и другите, бидејќи само така можеме подолго да го задржиме џагорот на учениците во училиштата. Му посакав и успешно совладување на новите наставни програми и максимално користење на дигиталните материјали за учење кои се новина од оваа година, пишува Царовска.
 
Но сето ова, таа вели дека ниту малку не треба да ја намали радоста на децата, затоа што и носењето шарена маска  и учењето од таблет е интересно. Среќна учебна година на сите ученици, порача министерката. 

01.09.2021 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега