(ФОТО) Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски оддаде почит пред гробот на Гоце Делчев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од црквата Свети Спас каде се одбележува 151-годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев истакна дека две чувства се развиваат кај него.

„Првото чувство е нормално чувството на почит кон Македонецот, кон великанот Гоце Делчев за тоа што го сторил за Македонија, за тоа што го направил за македонскиот народ во својата би рекол бурна животна приказна. Ние сме горди што имаме еден таков човек да ги славиме и е дел од нашата историја и нашиот македонски ген и тоа е чувство на задоволство и среќа кај секој еден чесен и честит Македонец без разлика каде се наоѓа дали е денеска овде во Македонија или насекаде во светот“, порача Мицкоски.

Според него, второто е чувството на разочараност, чувство кое кај него се создало денеска чекорејќи од онаа прва барикада преку втората барикада до овде до оваа црква и наместо да се зближуваме, наместо да се зголемува нашето пријателство ние денеска за жал сме подалечни од кога и да било во нашата историја.

04.02.2023 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега