(ФОТО) Игор Џамбазов со емотивна објава: Анче моја, денес ќе наполнеше 81 година
Популарниот актер, шоумен и пејач, Игор Џамбазов сподели доста емотивна објава на социјалните мрежи.
Имено, тој позираше покрај фотографија на неговата мајка, актерката Анче Џамбазова и напиша неколку зборови за нејзиниот роденден:
„Анче моја.
Денес ќе наполнеше 81 година.
И сигурно ќе ми купеше подарок.
За нејзиниот роденден.
Подарок за неа беше мојата среќа…“
Вака стои во објавата на Игор, а меѓу првите кои искоментираа беше и неговата сестра Тања, која и таа напиша неколку емотивни зборови.
„Мамица. Не ми се верува дека ќе беа 81. Засекогаш ќе остане млада за мене. Вешта како змеј, љубопитна, неуморна, со искрен интерес да ги разбере другите, а во исто време приватна и ненаметлива со своите маки. До ден денес немам интернализирано дека ја нема“ – напиша Тања.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа