ФОТО: Кавадаречкиот градоначалник Јанчев ја изненади сопругата со автомобил од 240.000 евра
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и подари на сопругата Веселка автомобил од марката Range Rover, пишува „Фокус“. Белиот автомобил пристигнал на нивната адреса и ја изненадил Јанчева.
За „Фокус” Јанчев вели дека секоја жена заслужува љубов и почит од страна на својот сопруг, бидејќи според него жената е столб на семејството.
-Со сопругата сме заедно 25 години и таа секогаш стоела покрај мене, во добро и во лошо. Родители сме на три деца, заедно ги воспитуваме на вистинските вредности, а семејството за нас не би рекол дека е приоритет, туку дека е се!
Новиот автомобил кој и го подарив на сопругата е само гест на внимание, на благодарност за сето она кое таа значи за мене и за нашето семејство, за нејзината пожртвуваност. Растен сум во фамилија каде семејните вредности се светост, ја продолжуваме таа традиција- вели градоначалникот.
Јанчев за „Фокус“ додава дека не е важен подарокот, туку вниманието пред се, и за него мажите кои си ги почитуваат своите сопруги и кои ја покажуваат својата љубов кон нив, се луѓе во вистинскиот смисол на зборот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа