(ФОТО) Ковачевски: Канцерот може да се победи

Ќе продолжиме да покажуваме дека канцерот може да се победи, преку раната детекција, навремената реакција и соодветното лекување, пишува на социјалната мрежа Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска беше во посета на Одделот за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести.

-Носиме огромна надеж за победа за сите деца-херои во борбата со канцерот, целосно е реновиран Одделот за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести. Овој модернизиран капацитет значи подобра услуга за пациентите, задоволни здравствени работници и уште повеќе излекувани деца, се вели во неговата објава на Фејсбук.

07.04.2022 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега