ФОТО: Мицкоски правеше скара за цело семејство - „Ладно пиво во рака, кебапи на жар и многу весели лица“

Македонските политичари го искористија продолжениот викенд и слободните денови да ги поминат со најблиските.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук се пофали дека тој бил задолжен за правење скара за целото семејство.

„Честит Велигден. Христос воскресе.

Моменти поминати со семејството, бесценето..., денес јас бев задолжен за скарата, Антониј вика тато најдобра скара ти правиш (опасен политичар е тој ), Јован и Душица со тинејџерски “маки” , а Христијан чека тетин да заврши со кебапите на жар. Ладно пиво во рака, кебапи на жар, сонце и многу среќни, весели лица.
Ви посакувам мир во душата, љубов во срцата, насмевка на лицето и Бог со нас, народе македонски!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2021 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега