ФОТО: Николовски се пофали со новата фризура - „Мојот бербер е дестинација непроменета цели 30 години“

Мојот бербер Мартин Поцевски Карадак од Крива Паланка е дестинација непроменета цели 30 години, истакна вицепремеиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Нашата татковина претставува ризница на стари и уникатни занаети. Занаетчиството ја негува традицијата, а занаетчиите со макотрпна работа и целосна посветеност се чувари на нашата култура. Занаетот се пренесува од колено на колено и создава вековни вредности.

Владата на РСМ ги опфати занаетчиите во пакетот мерки за финансиска поддршка во време на пандемија, како еден од погодените сектори од корона кризата. Како важна алка во општеството преку субвенции и грантови ги поддржуваме занаетчиите да се развиваат, растат и да го афирмираат својот производ“, напиша Николовски на својот Фејсбук профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега