(ФОТО) Нова трага во истрагата: Пронајдени шорцеви какви што носел Мартин пред да исчезне

Потрагата по исчезнатиот Мартин Јовановски во водите на Егејското море трае веќе 13 денови, а вчера беше објавена фотографија од пронајдени шорцеви, кои наликуваат на тие што ги носело исчезнатото момче.

Фотографијата била испратена до спасувачите, а засега не е потврдено дали истите биле на Мартин.

„Информацијата за идентификација на костум за кампење кој наликуваше на исчезнатото лице нè донесе на бреговите на Катерини. Пристигнавме со помош на спасувачкиот тим. Ја пребаравме цела област, но залудно“, објави шефот на спасувачката мисија „ОФКАТ“, Христос Рамос.

21.07.2022 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега