ФОТО од вечерниот претрес во Скопје поради убиството на матичниот лекар

Вечерва се врши претрес на една локација во Скопје, поради убиството на 67-годишниот матичен лекар Ацо Трпковски. Досега, според изјавите на првиот човек на МВР, Панче Тошковски уапсени се две лица.

„Превземени се преку 20 истражни дејствија, прегледани се преку 50 камери, видео записи за овие шест, седум дена“, кажа министерот Тошковски.

Во овој момент се постапувало по наредба по судија на претходна постапка, се врши претрес на локација. За случајот МВР има осомничени луѓе, одредени материјални траги ги воделе до осомничени.

Мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија. 

За потсетување, убиениот матичен лекар е Ацо Трпковски, чие свирепо убиство ја потресе скопската населба Железара, во која скоро и да немало човек кој не го познавал. Тој со убодни рани бил пронајден во својот паркиран автомобил „Киа“ пред поликлиниката, доцна во ноќта од неговите двајца синови, кои почнале да го бараат, откако неколку часа го немало да се врати од работа.

27.03.2024 - 23:02
Фото: 
Сител ТВ

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега