ФОТО: Погледнете колку присутни имаше на отчетот на градоначалникот на Гази Баба

Благодарам на граѓаните на општина Гази Баба кои масовно присуствуваа на промоцијата на отчетот: “Една година ново време во Гази Баба”. Ова го потенцираше на социјалните мрежи градоначалникот Бобан Стефковски. 
 
„Денес воведовме нов начин на водење на општината. Отчетно и транспарентно, пред целиот народ кој ми ја даде довербата да бидам татко на општината.
Оваа наша средба за мене преставува силна поддршка да продолжиме по патот на промените кои се случуваат во нашата Гази Баба изминатите 365 дена“, напиша Стефковски на социјалната мрежа Фејсбук.
 
Тој исто така објави повеќе фотографии од овој настан, па погледнете колкаво беше присуството.

09.11.2022 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега