ФОТО: Пристигна првата група граѓани од Авганистан - полиција и Брза помош на лице место

На меѓународниот аеродром во Скопје вечерва пристигна првата група граѓани од Авганистан.

Како што информираа од Владата, се очекуваат 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.

Припадници МВР и екипи на Брза помош се на лице место во случај на некој од патниците да му треба итна медицинска помош.

Црвениот крст ќе биде првиот контакт за граѓаните кои стигаат од Авганистан, брифираа од Владата.

30.08.2021 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега