ФОТО: Првите бегалци стигнаа во Македонија- Познато каде е сметена група Авганистанци

 

Првите бегалци кои пристигнаа од Авганистан сместени се во хотелот Белви на самиот излез од Скопје.

Со авион на компанијата „Камаир“ вчера преку Тиблиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан што ќе бидат прифатени во нашата земја.

Беа пречекани од министерот за надворешни работи Бујар Османи кој нагласи дека станува збор за мажи, жени и претежно деца со кои, како што рече, сме соработувале и споделуваат наши вредности на кои не по своја вина им е загрозен животот.

Премиерот и претходно откри дека тие ќе бидат сместени во хотели на периферијата на градот, но не ги откри имињата на хотелите.

 

31.08.2021 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега