Франција парализирана, стотици летови откажани

Стотици летови од француските аеродроми ќе бидат откажани, што значително ќе го наруши воздушниот сообраќај и патувањето во Европа во наредните денови.

Француските власти не успеаја да постигнат договор и да избегнат штрајк на контролорите на летање, па се очекува тој да погоди голем дел од Европа.

Според извештаите, откажувањата и доцнењата ќе влијаат на голем дел од Европа, а француските власти бараат од авиокомпаниите да откажат три четвртини од летовите од аеродромот во Париз, Орли и 55 отсто од аеродромот Шарл де Гол, како и две третини од летовите до Марсеј. пренесува Ројтерс.

Рајанер ќе откаже повеќе од 300 летови.

„Француските контролори на летање имаат право на штрајк, но ние треба да ги откажеме француските летови, а не од Ирска до Италија, од Германија до Шпанија или Скандинавија до Португалија“, рече извршниот директор на Рајанер, Мајкл О’Лири.

Поради штрајковите на контролорите, минатата година во Европа беа откажани 16.000 летови, додека 85.000 беа одложени.

Патниците се предупредуваат навреме да го проверат распоредот на летање и да се запознаат со можните промени.

25.04.2024 - 17:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега