Го хакирале профилот на министерот Османи - случајот е пријавен во полиција

Хакиран е официјалниот и верификуван твитер-профил на министерот за надворешни работи, Бујар Османи. 

“Мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица”, објави вечерва министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој соопштува дека профил е надвор од негова контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од неговите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата.

Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адресати на социјалната мрежа “Твитер”.

12.11.2021 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега