Годишно обраќање на претседателот Пендаровски денеска во Собрание

Претседателот Стево Пендаровски денеска напладне ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Република Македонија.

Ова ќе биде второ годишно обраќање на Пендаровски во законодавниот дом откако е избран на оваа функција во мај 2019 година, а прво пред новиот состав на Парламентот.

Според член 85 од Уставот Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на

Републиката мислење за прашања од неговата надлежност. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега