Голема инвестиција: Државата и купи трактор и косилка на општина Македонски Брод

Општина Македонски Брод денеска од Бирото за регионален развој доби нов трактор „Солис“, со приколка и косачка.

Како што рече градоначалникот Живко Силјаноски, механизацијата вредна 1 900 000 денари, ќе се искористи за повеќе намени.

-Тракторот ќе се користи за подобрување на комуналните услуги и за собирање смет. Со дополнителната приклучна опрема, косачката, ќе се отстрануваат ниско стеблести дрва и гранки по локалните патишта, ќе се коси тревата на двете страни од сите патишта, бидејќи при интензивна вегетација ги стеснува коловозите, а ќе биде од полза и за косење на тревата на градскиот стадион и негово континуирано одржување, рече градоначалникот.

Тој информира дека од Бирото за регионален развој се обезбедени и средства за два инфраструктурни проекта што се реализираат во Општина Македонски Брод

01.09.2021 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега