Голема промена од утре: Основците без маски во училиште, невакцинираните без сертификат на отворено

Владата денеска ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, дадена пред речиси две недели.

Тоа значи дека почнувајќи од утре, учениците во основните чилишта не е задолжително да носат маски.

Главниот координативен кризен штаб за справување со коронавирусот на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, како и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите.

Тие прифатија и укинување на сертификатите на терасите од кафулињата, што значи дека од утре на невакцинираните лица нема да им се бара сертификат на отворено.

29.03.2022 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега