Горан Пандев ја поддржа кампањата за вакцинација „За моментите на среќа“

Во рамки на националната кампања за вакцинација на Владата на Република Северна Македонија, се вклучија и бројни јавни личности, кои ја изразија својата поддршка и упатија апел за вакцинација. Еден од нив е македонскиот фудбалски ас, Горан Пандев кој се вклучи во кампањата. 

За време на пандемијата, останаа празни и трибините на спортските натпревари. И нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев ја поддржа кампањата за вакцинација, кој вели дека ништо не може да го замени чувството на фудбалски натпревар со бодрење на публика. „За полни трибини и нови спортски победи – вакцинирај се“, порача тој.

Целта на кампањата „Вакцинирај се“ е да го информира населението за придобивките од вакцинацијата, да ја подигне свеста за потребата од масовна имунизација, но и да го спречи ширењето на дезинформации. Вакцините се безбедни и ефикасни, спречуваат развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а вакцинацијата е единствен начин да се стави крај на пандемијата.

28.08.2021 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега