Гостиварчанец го фотографирал гласачкото ливче


Вчера во 22.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР-Гостивар го лишиле од слобода Ш.Е.(60) од Гостивар, по претходна пријава дека го фотографирал гласачкото ливче во текот на вчерашното гласање за претседателските избори.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

25.04.2024 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега