Градоначалникот на Гази Баба го победи коронавирусот

Драги пријатели, сакам да ве известам дека по извршени два негативни тестови ја напуштив Клиниката за инфективни болести и од денеска сум дома и продолжувам со домашно лекување, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Гази Баба Борче Георгиевски.

„Упатувам голема благодарност до целиот медицински тим на Клиниката, за нивната огромна пожртвуваност и храброст да помогнат на секој пациент кој се бори со ковид-19. Од моја страна, како знак на благодарност за херојството и поддршка за целокупниот медицинскиот персонал, денес донирав 10 навлажнувачи за кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок за Клиниката за инфективни болести.

Ви благодарам на целата ваша поддршка која ми ја давата овие недели.

Ве молам чувајте се сите, почитувајте ги здравствените препораки и носете заштитна опрема“, напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега