Градоначалникот на Крива Паланка позитивен на коронавирус- општината целосно се затвора

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, на својот фејсбук-профил објави дека е позитивен на коронавирусот.

Ова е трет случај на заразен со Ковид-19 во општината, поради што локалната самоуправа нема да работи до деветти септември.

-Почитувани пријатели, роднини и сограѓани,

Ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на Ковид-19 од редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен. За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација. Во исто време сите вработени од денес до деветти септември ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби, напиша Мицевски на Фејсбук, повикувајќи ги сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните.

Мицевски засега е во добра здравствена состојба, а има само благо покачена телесна температура.

Екипи на хигиено-епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје Крива Паланка веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк во општината.

Покрај ова, денес во Крива Паланка е регистриран уште еден заболен од Ковид-19, машко лице на возраст од околу четириесет години.

Инаку тој во изминатиов период се сретна и со многу функционери од власта кои очигледно треба да заминат во самоизолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега