Грчки туроператор падна во финансиска криза – откажани летувања на Македонци, Срби, Бугари

Десетина илјади аранжмани за летен одмор во Грција се откажани откако грчкиот туроператор „Музенидис травел“ падна во финансиски проблеми.

Агенцијата ги откажала сите патувања од 27 јуни до крајот на јули, а закажани биле од граѓани на Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Романија и Русија.

Српските медиуми јавуваат дека белградските туристички агенции добиле известувања вчера и сега се бара решение за овие аранжмани.

Според бугарските медиуми, пак, под знак прашалник се туристички аранжмани на голем број Бугари кои уплатиле преку агенции поврзани со „Музенидис травел“ кои секојдневно добивале информации оти хотелите во Грција одбиваат да ги прифатат резервациите преку тој туроператор.

Компанијата е со седиште во Солун. До крајот на идниот месец ќе се обиде да најде решение со кредиторите, а ќе бара и поддршка од државата.

 

24.06.2021 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега