Груби: Албанците беа и се за независна Северна Македонија

Албанците беа и се за независност на Северна Македонија, но можноста за влез на земјата во било каков иден сојуз со суверени држави од поранешна Југославија, не беше опција за албанските граѓани и тогашните албански политички елити, кажа заменикот-премиер Артан Груби на свечената владина седница по повод 30 години од независноста.

Тој додаде дека тогашната елита требало директно да учествува во референдумот и со тоа да овозможи меѓусебно разбирање и носење на помодерен и мултиетнички устав, кој ќе овозможеше рамноправност.

„Ова почетничко двоумење и несигурност направија една цела декада да живееме во одвоени реалности во заедничка држава. Да живееме едни до други, но не и едни со други“ кажа Груби.

31.08.2021 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега