Груби се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ Клеменс Која: Остануваме посветени на спроведувањето на реформите

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, Артан Груби денеска одржа работна средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Груби и Која разменија мислења и за приоритетите на Република Северна Македонија како земја-членка на НАТО и за посветеноста на Владата за време на четиригодишниот мандат, односно продолжувањето на спроведувањето на заедничките приоритети, членството на земјата во Европската Унија.

Првиот вицепремиер Груби му рече на амбасадорот Која дека ја поздравува подготвеноста на ОБСЕ да им помогне на институциите на Северна Македонија во спроведувањето на реформите.

Соговорниците, Груби и Која, исто така, разговараа и на темата Попис на населението во Република Северна Македонија, процес што тие оценија дека успешно треба да биде завршен во текот на следната година.

Груби истакна дека Министерството за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците ќе биде модерно и одговорно министерство кое ќе придонесе за социјална кохезија и ќе биде дом на сите етнички заедници што живеат во Република Македонија. Тој го увери амбасадорот Која дека во неговата улога како координатор на ресорните политики ќе гарантира кохезија во владината коалиција и ќе ги координира и насочува процесите и спроведувањето на програмата.

Груби ја цени високо улогата на ОБСЕ во сите демократски процеси во Македонија, придонесот на оваа мисија во надгледувањето на изборниот процес, додека од своја страна шефот на мисијата на ОБСЕ, г.Клеменс Која и вети на Груби дека ОБСЕ ќе продолжи да соработува со Владата во спроведувањето на реформските процеси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега