Груби: Софија да дозволи почеток на пристапните преговори

 Македонија и Бугарија треба да ги надминат несогласувањата, а Софија треба да дозволи Скопје да ги почне пристапните преговори со ЕУ, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби .

– Северна Македонија и Бугарија треба да ги надминат несогласувањата, а Бугарија треба да се согласи со одржувањето на првата меѓувладина седница по што ние сме обврзани да ги спроведуваме сите предвидени правила од добрососедскиот договор со Бугарија. Така што, ова е билатерално, значи ние треба да го спроведеме договорот, Бугарија треба да дозволи одржување на оваа меѓувладина седница и да започнат преговорите во духот на доброто пријателство, рече Груби на новинарско прашање коментирајќи ставови на Захариева во интервјуто за Велт на заедничката прес-конференција со вицепремиерката на Р Косово, Албулена Балај Халимај

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега