Груевска Маџоска: Укинат предметот историја, згрешена концепција и експериментирање со учениците

Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго!, вели професорката Симона Груевска Маџоска, од Институт за македонски јазик.

Нејзината објава на Твитер е во врска со презентација на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието кои најавуваат дека веќе ќе нема посебен предмет историја туку историските факти ќе се учат како дел од “Општествени науки”.

-Мене навистина не ми е јасно како е можно Историја, Граѓанско образование и Географија да се изичуваат во еден предмет и тоа од прво до деветто одделение. Ужас!- стои во објавата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега