Холштајн: Потребно е решение што ќе биде добро и за Македонија и за Бугарија

Потребно е да се најде решение за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија што ќе биде добро и за двете земји, изјави денеска германската амбасадорка во државава Анке Холштајн.

– Водечка улога во ЕУ во моментов има Франција, која што претседава со Европската Унија. Но, сите ние сме согласни во тоа дека треба да помогнеме да се најде начин и решение кое што ќе биде добро и за Северна Македонија и за Бугарија, нагласи Холштајн во одговор на новинарско прашање дали Германија има некаков план да помогне за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија.

Холштајн, која заедно со премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети германската компанија од автомобилската индустрија „Маркарт“ во велешко село Долно Каласлари, исто така истакна дека политиката на проширување на ЕУ денес повеќе од кога било досега претставува и безбедносна политика.

– И всушност овој факт кај сите треба да значи одговорност во моментите кога ќе треба да се носат одлуки, нагласи Холштајн.

 

06.05.2022 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега