Хоспитализирана велешанка откако по вторпат се заразила со коронавирус

Триесетгодишна невакцинирана велешанка по втор пат се заразила со корона вирусот. Таа се тестирала откако добила симптоми додека била на одмор, објави Велес365.

 

Поради бројните симптоми и здравствената состојба во која се наоѓа, таа е задржана на лекување во Општата болница Велес на Инфективното одделение.

 

Во Велес зголемен е интересот на граѓаните за примање на вакцина и дневниот просек на вакцинирани граѓани е 550 до 700 граѓани. Во текот на денешниот ден до 9 часот вакцинирани се 120 граѓани.

13.08.2021 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега