И полицијата во Виена трага по Данка

На седмиот ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ од Србија во истрагата се вклучила и виенската полиција, откако вчера се појавила снимка од Виена на која се две Романки со девојче кое лични на Данка.

Во потрагата по малата Данка се вклучи и Интерпол.

Дописничката на РТС од Виена, која разговарала со претставникот на полицијата Маркус Витрих, јавува дека конкретни податоци сè уште нема и дека станува збор за тековна истрага за која полицијата не може да дава детали.

Тој кажал дека не е проблем за полицијата да ги најде лицата од снимката ако се сè уште во Виена, ако веќе на заминале за Унгарија или прешле во Романија.

Проблемот е, како што објаснил Витрих, начинот на кој снимката дошла до полицијата.

Напоменал дека е изгубено доста време, околу 10 часа додека снимката по мејл била испратена на српската полиција, а дури потоа српската полиција ја контактирала австриската полиција.

Истовремено, во близина на локацијата каде што исчезнало девојчето, со багери се пребарува локацијата.

01.04.2024 - 19:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега