И во скопски ГУЦ нема да има настава - училиштето нема струја

Иако лани цела година никој немаше во училишната зграда во скопското средно училиште ГУЦ Здравко Цветковски во септември настава нема да има бидејќи сега, пред почетокот на училишната година училиштето се уште се гради односно му се менува електричната инсталација. Информацијата за Слободен печат ја потврди и директорката на училиштето Атина Томовска.

Точно е дека имаме градежни работи, тоа е обнова на електрична инсталација. Нашето училиште е од 1965 година, и струјата е од таа инсталација. Тендерот го работи Град Скопје, се беше завршено на време. Но, ние до 29 јуни имавме уписи на ученици, а во текот на цел јуни ги префрлија екстерните испити за матура во интерни. Потоколите за Ковид велат дека не е дозволен влез на надворешни лица додека се мајстори тука. Училиштето има 3000 квадрати, а ни останува да го довршиме приземјето и во моментот немаме како да ги качиме децата горе. Приземјето очекуваме да го завршиме во септември, а доколку се заврши и порано, училиштето ќе отвори порано. Се работи за комплетна инсталација, ние сме врзани. Ни треба да користиме е-дневник, а за тоа ни треба струја. Инаку, го известивме Град Скопје, а денеска имавме наставнички совет, запознаен е со одлуката и е поздравена, вели Томовска за „Слободен печат“.

Останува нејасно што правеше училиштето од септември лани до сега бидејќи за една година се поставува или менува електрична инсталација на облакодер а не на една училишна зграда.

Сличен проблем имаат и учениците од основното Димитар Македонски во скопската населба Лисиче каде надлежните училиштето им го градат цели 4 години. Тие оваа година нема да можат да ја спроведат наставата бидејќи училиштето не им е довршено.

31.08.2021 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега